📽️ ТЕЈЛОР СВИФТ, ДАКОТА ЏОНСОН И КОЛИН ФАРЕЛ ВО МРАЧНА ПРИКАЗНА ВО РЕЖИЈА НА ПЕЈАЧКАТА Новата песна доби спот со елементи на хорор и психолошки трилер
Тејлор Свифт ја режираше приказната на спотот за песната „Patient Zero“, во кој Дакота Џонсон глуми девојка на Колин Фарел, која неговата поранешна партнерка се обидува да ја предупреди за опасноста
Новиот спот за за песната „Patient Zero“ на Тејлор Свифт, во кој главните улоги ги имаат Дакота Џонсон и Колин Фарел, а се појавува и Кара Делевињ беше премиерно прикажан на МТВ видео музичките награди, а песната е дел од проширеното издание на албумот „The Life of a Showgirl: The Encore“.
Спотот во кој Дакота Џонсон глуми девојка на Колин Фарел, која неговата поранешна партнерка (Тејлор Свифт) се обидува да ја предупреди за опасноста која ја претставува тој, го режираше самата Тејлор Свифт.
Приказната започнува на снежни гробишта, каде што Свифт и Џонсон се појавуваат речиси идентично облечени – во сиви мантили, панталони и црни џемпери, со долги фризури и шишки. Низ видеото нивните ликови се огледуваат еден во друг.
Џонсон ја игра сегашната партнерка на ликот на Фарел, додека Свифт е неговата поранешна девојка која се враќа како дух за да ја предупреди. Таа се обидува да ѝ покаже дека мажот со кого е во врска е опасен и дека може да ја снајде истата судбина.
Во текот на спотот се открива дека ликот на Фарел ја отрул Свифт, а потоа истото го прави и со својата нова партнерка. Со тоа приказната добива елементи на хорор, мистерија и психолошки трилер.
Во видеото се појавува и Кара Делевињ, блиска пријателка на Свифт. Зад камерата е оскаровецот Емануел Лубецки, познат по работата на филмовите „Гравитација“, „Birdman“ и „The Revenant“.
Свифт претходно објасни дека со „Patient Zero“ сакала да спои елементи од готички приказни за духови, вистински криминал и психолошки трилери.
Песната беше објавена на 25 септември како една од четирите нови песни на проширеното издание „The Life of a Showgirl: The Encore“.
Tay Director’s latest music video just burst into our life like fireworks. Watch the #PatientZeroMusicVideo now! 0️⃣🎬 https://t.co/RRVR7eIxCs pic.twitter.com/bFaRO25vmk
— Taylor Nation (@taylornation13) September 28, 2026