АСТЕРОИД ОД 330 МЕТРИ ЌЀ НЕ „ПРОШИША“ ЗА ДЕСЕТ ДЕНА Мала промена во патеката може да значи катастрофа
Нереус бил откриен во 1982 година од Елеонор Хелин и тој толку често минува покрај Земјата што НАСА и Јапонската вселенска агенција еднаш разговарале да „удират“ во него за да му ја сменат траекторијата.
Астероид голем колку Ајфеловата кула или колку една зграда со десет ката ќе влезе во орбитата на Земјата за нешто повеќе од недела дена. „Нереус 4660“ е висок 150 метри и долг 329 метри, но ќе нѐ одмине на 7,5 милиони милји што значи дека ќе биде поблиску до Месечината, отколку до нас, пишува 24сата.
Научниците внимателно го следат неговото движење, како и на сите астероиди кои поминуваат покрај нас. Мала промена во траекторијата би можела да значи катастрофа.
Нереус бил откриен во 1982 година од Елеонор Хелин и тој толку често минува покрај Земјата што НАСА и Јапонската вселенска агенција еднаш разговарале да „удират“ во него за да му ја сменат траекторијата.
Наместо тоа, вселенските агенции одлучија да го таргетираат астероидот „25143 Итокава“ како дел од тестот за двојно пренасочување на астероидот. А во меѓувреме, НАСА планира да постави нуклеарна централа на Месечината до 2030 година.