НА АВТОПАТОТ ТЕТОВО-СКОПЈЕ Три сообраќајки деновиве поради диви животни

297

Во текот на изминатиот викенд и неколку дена претходно тетовската полиција бележи три сообраќајки незгоди на автопатот Тетово-Скопје, за кои причина било движење по коловозната лента на диви животни.

Во овие три невообичаени случаи, сите на автопатот околу Групчин, станува збор за диви прасиња во кои удриле возила, а кои поминале само со материјална штета и без повредени луѓе.






– Во овој реон и покрај заштитната ограда тие успеале да влезат на коловозот и да ја доведат во прашање безбедноста на сообраќајот. При тоа, кучињата скитници и годинава се најголемите предизвикувачи на ваков вид несреќи (48), а чиј вкупен број на тетовското подрачје досега изнесувал 58. Секторот за внатрешни работи Тетово со совет и до ловечките друштва во рамките на нивните надлежности да преземат соодветни мерки околу дивечот, со што ќе придонесат за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот –  информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на годината има вкупно шест случаи на незгоди во кои биле прегазени диви прасиња, а има и примери со зајци, мачки и една мечка.

Поврзани содржини