ТРУДНИЦА ПАДНАЛА ВО ШАХТА ВО СОФИЈА Прошетката со сопругот завршила несреќно
Жената била пренесена во болницата „Пирогов“, но сѐ уште нема информации за нејзината состојба.
Бремена жена паднала во шахта во близина на Централната пошта во Софија, јавуваат бугарските медиуми.
Таа се движела со сопругот кога згазнала на шахтата, металните капаци се поместиле и таа паднала од височина од околу 3 метри. Жената била пренесена во болницата „Пирогов“, но сѐ уште нема информации за нејзината состојба.
Полицијата врши увид на лице место. Пристигнала и екипа од општина Софија.