ЏАБЕ СЕ РАДУВАА ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ Јувентус ја губи последната титула, а ја добива Интер?
Како што сега стојат работите, малку недостига Јувентус да биде повторно исфрлен од првата лига и повторно да настапува во Серија Б, откако веќе настапуваше поради местење натпревари. Освен тоа, веројатно ќе му биде одземена и последната титула освоена во сезоната 2019/2020, па таа титула ќе му припадне на актуелниот шампион Интер кој тогаш беше втор на табелата.
Италијанскиот прволигаш Јувентус би можел да ја загуби освоената титула за сезоната 2019/2020 поради наводно финансиски малверзации шти ги правело раководството на клубот, пишуваат италијанските медиуми.
Клубот од Торино е под истрага, а сега полицијата и Јавното обвинителство истражува и бара адекватни докази за тоа дека раководството на клубот (Недвед, Ањели) лажело кога се во прашање деловните книги, односно правело финансиски малверзации особено со трансферите на играчите. Како што објавија деновиве италијанските медиуми, наводно биле направени малверзации со трансферите на дури 43 фудбалери, а особено интересен е и фактот дека поранешната ѕвезда на „бјанконерите“, Кристијано Роналдо, никогаш не потпишал официјален договор за соработка со Јувентус.