ТОМАС МАРКЛ ЗА МЕГАН Направи будала од себе, треба да остане без титула (ВИДЕО)

Додека на некои им е мило што ја гледале во емисијата, други го критикуваат нејзиното однесување.

523

Меган Маркл неодамна гостуваше во шоуто на Елен Деџенерис, а реакциите за нејзиото појавување не престануваат.

Додека на некои им е мило што ја гледале во емисијата, други го критикуваат нејзиното однесување.






Голем критичар е и нејзиниот татко Томас Маркл, со кого Меган не е во добри односи, па тој ја користи секоја прилика за да ја критикува. Тој вели дека нејзиниот настап ја навредил кралицата Елизабета, кралското семејство и Британците воопшто.

– Таа направи целосна будала од себе и треба да ја загуби титулата. Ја сакам ќерка ми, но нејзиниот настап беше смешен – изјавил Томас за „Сан“

Да потсетиме, војвотката Меган се согласи на пранк (шегување) во шоуто и, задевајќи ги продавачите на храна, се согласи да направи голем број необични работи. Меган правела клекувања, допираше предмети по лицето и во еден момент испи млеко од бебешко шише со цуцла.

Поврзани содржини