НЕ СЕ КОПАЛЕ БИТКОИНИ САМО ВО ГТЦ Вработени во „Железници-Транспорт“ копале криптовалути во својата канцеларија

Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, објави ТВ21.

4,234

Во текот на вчерашниот ден инспектори од Единицата за економски криминал при СВР Скопје и полициски службеници од ОВР Аеродром ги лишиле од слобода М.У.(63) и Д.П.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, информираат од МВР за ТВ21.

Постапувајќи по пријава примена во 18.30 часот од страна на раководно лице во Железници на РСМ – Транспорт, според која во канцеларија опремена со компјутери, во која биле неколку вработени, забележал поголема потрошувачка на струја поради што се посомневал во копање на криптовалути, полициски службеници излегле на местото и по преземени мерки и активности ги привеле двете лица вработени Железници, кои ја користеле канцеларијата, при што било извршено и запечатување на просторијата.

Поврзани содржини