СОИГРАЧОТ НА ЕЛМАС ЗАКАЧИЛ КОРОНА Матео Политано оди во изолација и ќе го пропушти дербито со Интер

Спалети за утрешното дерби со Интер ќе може да смета на Ирвинг Лозано на десната крилна позиција. 

248

Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети, има голем проблем пред дербито со Интер во рамки на Серија А.

Во составот не може да смета на Матео Политано, кој е позитивен на ковид-19. Соиграчот на нашиот репрезентативец Елиф Елмас ќе мора да оди во изолација најмалку една седмица. Доколку добие два негативни теста по завршувањето на изолацијата ќе може да се врати во тимот.

Спалети за утрешното дерби со Интер ќе може да смета на Ирвинг Лозано на десната крилна позиција.

Поврзани содржини