ИГРАТА НА ЗАЕВ И РЕЏЕПИ Е ГУБИТНИЧКА Еднаш изиграа дрско, но вторпат нема да им дозволиме
Заев можеби смета дека со киднапирање пратеници ќе се одржи на власт и дека нема да одговара за сите лоши политики, но реалноста не е воопшто таква, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.
Играта која што Заев и Реџепи ја изиграа е апсолутно губитничка и поразителна, а ваквиот начин на спречување на спроведување на волјата на народот е само мотив плус за граѓаните да ги казнат и на наредните парламентарни избори, рече пратеникот од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
– Граѓаните кажаа што сакаат и кому веруваат, односно ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ со над 100.000 гласови разлика. Ова е бројка која само укажува на тоа на колку голема врата се врати ВМРО-ДПМНЕ на овие локални избори. Заев можеби смета дека со киднапирање пратеници ќе се одржи на власт и дека нема да одговара за сите лоши политики, но реалноста не е воопшто таква. Еднаш изиграа заткулисно и дрско, но вторпат тоа нема да се дозволи. Народот гледа на што сè е подготвен Зоран Заев и токму поради тоа тој ќе биде казнет. Опозицискиот блок окрупнува и тоа ќе се види за многу скоро време – истакна Јанушев.
Дегутантните изјави на пратеникот Кастриот Реџепи, додаде тој, се показател за очајот и стравот кои владеат во редовите на политичките партии од власта, но како што додаде, тие ќе мора да се соочат со гневот на народот.