СЕДМИЦАТА НОСИ СВЕЖО ВРЕМЕ, ЌЕ ПОЧНЕ СО ДОЖДОВИ Ветрот локално ќе засили и до 50км/час

Понеделник ќе остане топол, но локално се можни краткотрајни невремиња со пороен дожд и засилен ветер, а врнежите ќе продолжат и во ноќта кон вторник. Потоа следува посвеж период, со засилен северен ветер до среда.

11

Топлото време утре ќе добие понестабилно лице. Облаците ќе носат повремени локални врнежи, а на одредени места УХМР очекува и краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Дождот нема да заврши со денот, туку локално ќе продолжи и во текот на ноќта кон вторник.






До крајот на работната недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, но ќе има и сончеви периоди.

До среда ќе дува засилен северен ветер, кој на моменти ќе надминува 50 километри на час. Нов пресврт се очекува во петок попладне, кога повторно се враќаат врнежите.

Поврзани содржини