ФИЛИПЧЕ РАСПРОДАВАШЕ ВО ДУБАИ, ВО БУГАРИЈА, А СЕГА ВЕЛИ МАКЕДОНИЈА НЕ Е НА ПРОДАЖБА Со двојните стандарди ќе остане вечна маргинална опозиција
Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион, вели дека Македонија не била за продажба, а има потпишан бланко лист за барањата на Бугарите, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
Венко Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Зоран Заев ја распродадоа за стан, зграда и златна виза за Дубаи, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– Филипче со Заев го променија името на државата и ветуваа членство во ЕУ, а добивме само слика од авион. Филипче и Заев ветуваа бесплатно здравство, а добивме провизии за вакцини, провизии за модуларни болници и провизии за тендери и набавки. Филипче вели дека Македонија не била за продажба, а има потпишан бланко лист за барањата на Бугарите – рече Петрушевски.
Филипче е директно против Македонија, додаде тој.
– На Филипче му пречи успехот на Македонија. Затоа е против дата центри, рудници и фабрики. Ама не е против бугарски фирми, златни визи и акции во индиски авиокомпани. Исто така, на Филипче му пречи Дејвид Гета, ама не му пречи Харис Џиновиќ. Тоа се двојните стандарди на Филипче и СДСМ. Затоа и ќе бидат вечна маргинална опозиција – рече Петрушевски.