НАСА ДОГОДИНА ЌЕ КОПА МРАЗ НА МЕСЕЧИНАТА Еве како и на која локација (ВИДЕО)
По слетувањето настапува малиот робот „Micro-Nova“. Тој ќе треба да најде соодветно место, најверојатно во кратерот, за да започне вежбата со која „PRIME-1“ ќе се обиде да пробие еден метар под површината на Месечината и да извлече доволно лунарна почва за анализа. Вградениот масен спектрометар ќе види дали испарливи гасови излегуваат од примероците.
И официјално, НАСА вгодина во декември ќе проба да ископа мраз на Месечината, негде во близина на Јужниот пол, во кратерот по име Шејклтон, пишува Футуризам. Десет дена ќе му требаат на роботскиот лендер да пробие доволно длабоко под месечевата површина, а како ќе изгледа бушењето е објаснето во следното видео.
Ако НАСА успее во пронаоѓањето мраз, тоа ќе бидат добри вести за нашата идна човечка колонија. Според планот, Нова С-лендерот ќе слета, а потоа ќе направи три различни технолошки демонстрации, вклучувајќи го и „Polar Resources Ice-Mining Experiment-1 (PRIME-1)“, вежба која ќе ја пробие површината на Месечината во потрага по мраз. Потоа, малиот робот наречен „Micro-Nova“, развиен од Intuitive Machines, ќе овозможи „PRIME-1“ да се движи наоколу.
– „PRIME-1“ е трајно прицврстен на Нова-C лендерот. Беше предизвик да најдеме локација кај што би слетале, а кај што може да откриеме мраз до три стапки под површината – вели Џеки Квин, менаџерка на проектот.
Проблемот бил во тоа што на леталото му треба сончева светлина за да се напојува, но на локациите кај што има многу сонце, мразот на површината се топи, што значи потребно е подлабоко да се копа за „PRIME-1“ да го најде. Подлабоко одошто тој може да продре. Затоа научниците барале локација со „златна средина“ – таму каде сончевите зраци се јаки, но не прејаки.
По слетувањето настапува малиот робот „Micro-Nova“. Тој ќе треба да најде соодветно место, најверојатно во кратерот, за да започне вежбата со која „PRIME-1“ ќе се обиде да пробие еден метар под површината на Месечината и да извлече доволно лунарна почва за анализа. Вградениот масен спектрометар ќе види дали испарливи гасови излегуваат од примероците.
„Micro-Nova“ е способен да носи товар од скоро килограм од почва на максимум 2,5 километри за анализа, па се надеваме дека „PRIME-1“ ќе може да стигне до добра локација за потоа да го испитува примерокот.
И уште една новост ќе следи по акробациите на „Micro-Nova“. Во истата мисија, компанијата „Nokia of America“ ќе има за цел да постави комуникациска мрежа 4G/LTE на Месечината, уште една потенцијално револуционерна демонстрација што ќе го доближи овој природен сателит поблиску до нас од кога било досега.