КОЈ ЈА ЧИСТИ ВЛАДАТА? Фирма годинава договорила зделка вредна 4 милиони евра

Порталот Пари потптпирајќи се на податоци на БизнисМрежа направи анализа на работата на ТОП 10 фирми за хигиена во земјава. Дел од нив ги чистат институциите и Владата.

756

Десетте најголеми компании кои се занимаваат со чистење на згради и објекти, лани направиле вкупен приход од 16,3 милиони евра или 2,2 милиони евра повеќе отколку во 2019 година  и тоа им донело добивка од 780.000 евра, покажуваат податоците од платформата БизнисМрежа кои ги пренесува порталот Пари .

Дел од овие комапнии се ангажирани и од владата и институциите. За одржување хигиена за една година во државните органи и подрачните едници на министерствата се плаќа 4 милиони евра, МВР и Агенцијата за национална безбедност имаат склучено двегодишни договори за 3,4 милиони евра, Пошта, исто така двегодишен договор за 770.000 евра…






Рекордер од ТОП10 фирми за одржување на хигиена кои добиле државни тендери е друштво „Серта“. Оваа компанија ги чисти сите органи на државната управа и подрачните единици на министерства.

Според последниот договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата, склучен на 21 октомври 2021 годин, (објавен на Бирото за јавни набавки) „Серта“ ќе добие над 4 милиони евра. За овие пари, во текот на една година, „Серта“ треба да биде на располагање 24 часа, да чисти внатрешни површини, пристапни асфалти, фасади, снегови од кровови…

Годинава „Серта“ склучила и два договори со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), едниот во вредност од 4,5 милиони денари, а другиот за 5,8 милиони денари, како и со ЈП „Водовод и канализација“ за 2,6 милиони денари. Дирекцијата за ТИРЗ и Водовод ги има и и во 2020 и во 2019 година. А, според известувањата за склучени договори, „Серта“ чисти и во Агенцијата за електронски комуникации, на Универзитетот „Кирил и Методиј“, Националната арена „Филип Втори“.

Втора е фирмата„БАПАЛ Благој“. Таа има склучено договор со Службата за општи и заеднички работи на Владата  во вредност од  3,4 милиони евра.

Трета е  „Хауз мајстор плус“. Таа  годинава има склучено договор со Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони, но за  „услуги за сервис и одржување на електрични апарати и тековно одржување на ТИРЗ“. Овој договор е вреден околу 23.000 евра. На Е-набавки има уште само еден договор со оваа фирма, а тој е со Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер при УКИМ,склучен на 371.809 денари.

ПОВЕЌЕ  можете да прочитате на следниот линк.

Поврзани содржини