АЗЕСКИ БАРА СРБИЈА ДА ОБЕЗБЕДИ НОРМАЛЕН ЖЕЛЕЗНИЧКИ СООБРАЌАЈ Реконструкцијата е добра работа, ама бизнисите треба да работат

Претседателот на Стопанскатак омора бара неговиот српски колега да се заложи кај институциите застоите поради реконструкцијата на пругите во Србија да траат 24 часа наместо 36 ласа.

411

Намалување на периодот на затворање на железничкиот сообраќај низ Србија од 36 на 24 часа за да се обезбеди нормален проток на стоките и услугите, побара од српските институции претседателот на Стопанската комора и копретседател на Коморискиот инвестициски Форум – КИФ Бранко Азески.

Тој во писмо до неговиот српски колега Марко Чадеж бара тој да се заложи кај надлежните  институции да ја разгледаат можноста за скратување на времетраењето на затворање на железничката мрежа во Србија.






Србија го запира железничкиот сообраќај бидејќи ја реконструира пругата од Коридорот 10.

„Постои загриженост кај дел од нашите компании дека инвестициските работи од ваква големина силно ќе влијаат на постојниот комерцијален проток на стоки на овој коридор. Покрај сите неприлики со кои тие се соочуваат во моментов, како справувањето со пандемијата, промените во економските текови на глобално ниво, светската енергетска криза, затворањето на коридорот поради реконструкција дополнително предизвикува проблеми и застои во транспортот и доставата на роба. И покрај тековните реконструкции, Србија – Србија Карго сè уште опстојува на економска основа преку превоз на стока на својата мрежа“, пишува Азески.

Согласно наведеното, додава Азески, неопходно е тековното работење на железницата да се усогласи со потребите на бизнис заедницата.

„Во моментов има целосен прекин на транспортот на Коридорот 10 и огромен застој и метеж кај сите железнички оператори, намален проток на возови во одреден период, недоволно пропуштање возови на граничните железнички станици, недоволен број влечна опрема, персонал и слично. Имено, од 18.10.2021 година, поради реконструкција на железницата, мрежата е затворена во интервали од 36 часа (отворање/затворање). Во периодот на отворање, превозниците практично не можат да го надокнадат протокот на стока со своите технички или човечки ресурси (дополнителни локомотиви и дополнителен технички персонал), а мора да се нагласи и неможноста за пренос на стоки преку граничниот премин Табановце, бидејќи тој нема доволно капацитет за да прими повеќе од неколку возови“, пишува во писмото.

Азаски додава дека „меѓу бизнис заедницата во С Македонија постои задоволство за веќе отпочнатиот циклус на инвестиции во обнова и модернизација на железничката мрежа на Србија, и дека веќе се започнати првичните работи за модернизација и рехабилитација на пругата Ниш-Брестовац, долж меѓународниот железнички Коридор 10.

„Овие инвестиции се од големо значење за целата економија во регионот и веруваме дека ќе придонесат за побрз транспорт на стоки со железница, со помалку задржување на робата, поврзување на регионалните економии од југ на север, а се од особено значење и од аспект на поврзувањето на пристаништата (особено Пиреја) за главниот проток на стоки од Далечниот Исток кон земјите од Централна и Западна Европа. Јасно е дека овие зафати на железничката мрежа се од исклучително значење и бараат голема посветеност, бидејќи се предвидува дека реконструкцијата на пругата Ниш-Прешево ќе трае до 2024 година“, се вели во писмото.

 

Поврзани содржини