МИЦКОСКИ ПАК ГО ПОТВРДИ ОБЕЗБЕДЕНОТО МНОЗИНСТВО Ако не успеам да формирам кредибилна влада, одиме на брзи предвремени избори
Со кредибилитетот даден на народот, тргнав кон создавање на мнозинство како единствен излез за пад на оваа влада на Зоран Заев и формиравме заеднички блок со Алијанса на Албанците, Алтернатива, Левица и со Беса. Тоа е блок против корупција и криминалот, блок за надеж и нова иднина. Во периодот што следи очекувам оваа мнозинство да биде зголемено. Целат е – напредок на народот и на Македонија. Мора да ја извадиме државата од криза, заеднички и сложно, истакна Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на денешната конференција за печат.
– Влегуваме во нова иднина. Во периодот што следува, ќе се обидам да формирам нива влада, но тоа ќе се случи само ако бидам сигурен дека тоа ќе биде влада на силен кредибилитет. Доколку не се постигне оваа цел и не обезбедам полна ефикасност на владата која ќе се справува со криза и со борба со криминалот, опција се брзи парламентарни избори за народот да одлучи за нова иднина – рече Мицкоски.
Тој ги оцени локалните избори како референдум на кои валдата на Зоран Заев доживеала два катастрофални порази.
– Заев мора да падне затоа што ги изневери очекувањата на народот, го урниса достоинството на државата, владее со измами и пазарења – рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција.
Тој рече дека власта во заминување е во паника, а тоа го докажува и со обвинувањата што ги упатува кон новообезбеденото парламентарно мнозинство.
– Сакаат да не опишат како „анти – ова или анти-она“, истите тие кои 5 години, 52 месеци владеат со конфликти, не одалечуваат од ЕУ само со една цел, да го бранат криминалот и своите политички кариери кои безмилосно ги уживаат на грбот на народот. Мојата порака до народот на Македонија е: Не им верувајте. Тоа се нивните последни обиди да ги зачуваат фотелјите, зaшто добро знаат дека единствено нешто за што ВМРО-ДПМНЕ и овој нов блок е анти, односно против, тоа e против криминалот и корупцијата – истакна првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој порача дека не е време за триумфализам, туку за решавање на напластени проблеми и на сериозни предизвици.
– Државата треба да се справува со енергетската криза, мора да се заштити стандардот на граѓаните и да се бориме против инфлацијата. Ќе направиме реформи во економијата. На бизнисот му треба поддршка, а на народот повеќе пари. Ќе го заштитиме здравјето на граѓаните, Ковид заразата е најголемата закана по животот на луѓето. Вредностите на ЕУ да ги направиме наши вредности – истакна Мицкоски.