ЛЕКАРИТЕ ВО НЕВЕРУВАЊЕ Жена била позитивна за ковид-19 дури 335 дена!
На коронавирусот била тестирана во март 2021 година и повторно била позитивна. Лекарите откриле дека таа сè уште го има истиот сој на оној што го имала пред 10 месеци, бидејќи се разликувал од сојот што циркулирал во тоа време.
Неименувана жена (47) од Мериленд (САД), која се лекувала од леукемија, била заразена со коронавирусот дури 335 дена, што е најдолго досега забележано, објавено е во студија што се занимава со нејзиниот случај.
Таа била хоспитализирана во ковид-болницата во Мериленд во пролетта 2020 година, и по 10 месеци од појавата на првите симптоми, повторно беше тестирана и беше утврдено дека таа сѐ уште има ковид-19.
Жената, која инаку е имунокомпромитирана пациентка, бидејќи три години претходно се борела со леукемија, имала ниски нивоа на Б-клетки што произведуваат антитела, според објавеното истражување.
На коронавирусот била тестирана во март 2021 година и повторно била позитивна. Лекарите откриле дека таа сè уште го има истиот сој на оној што го имала пред 10 месеци, бидејќи се разликувал од сојот што циркулирал во тоа време.
Нејзиниот лекар, специјалист за заразни болести во Националниот институт за здравство, рече дека случајот е доста збунувачки и дека пациентката понекогаш се чувствува добро, а понекогаш и лошо.
– Никогаш не сум слушнал за пациент кој има грип една година. Тоа е навистина долг временски период – рече тој.
Инаку, жената конечно се ослободи од инфекцијата во април годинава, точно 335 дена откако за прв пат била позитивна на тестот. Оттогаш таа била неколку пати тестирана и секој пат била негативна.
Како што беше кажано, објавената студија им обезбеди на научниците вредни информации за пациенти со ковид-19 и заразените имунокомпромитирани пациенти.