ЈЕЛЕНА И НОВАК ОДЛУЧИЛЕ Нашите деца повеќе нема да дуваат свеќи на роденденската торта, еве и зошто

Децата на Јелена и Новак Ѓоковиќ треба да се придржуваат на ново правило.

6,890

Сопругата на најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, Јелена, неодамна изјави дека синот Стефан и ќерката Тара не ги воспитува со ќотек. Со оваа изјава, таа покрена лавина коментари, но наиде и на осуда, пишува српски „Хело“.

– Моите деца се првата генерација деца кои никогаш не добиле ќотек. Јас добивав котеќ од моите родители, мајка ми пред мене, татко ми, моите баба и дедо. И на Новак, исто така. Стефан и Тара се првата генерација и верувам дека тоа што не одговараме на грешките и на погрешното толкување на емоциите со насилство навистина ќе го промени светот. Мислам дека тоа е голем квантен скок во менувањето на историјата и иднината – истакнала Јелена при своето гостување на панелот „Иднината е сега“.






Меѓутоа, освен ќотекот, децата на Јелена и Новак сега живеат со уште едно, несекојдневно правило. Имено, како што пишува најновиот „Стори“, на Стефан и Тара на своите родендени веќе не смеат да ги дуваат свеќите на тортата.

– Сите палевме свеќи во косовските манастири и цркви за живите и починатите, за здравје и мир. Свеќата е симбол на несебична жртва, таа самата гори за да им даде светлина и сјај на другите. Таа е симбол на животот и просветлувањето, отстранувањето на стравовите и темните мисли од нашите умови и срца и предавањето на светлината Божја. Како тогаш ја усвоивме традицијата да го прославуваме раѓањето на животот со гаснење на свеќата на тортата додека замислуваме желба?! Се запрашав и посакав барем во својот дом да го сменам тој обичај – изјавила Јелена.

Поврзани содржини