АЛБАНЕЦ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА Ахмети го најави новиот предизвик
Ахмети на митинг во Чаир им порача на граѓаните да гласаат за актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Според него, тој навистина вредно работел и заслужува нов мандат.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети од партиски митинг во Чаир најави уривање на нова пречка.
– После министер за одбрана Албанец, после министер за надворешни работи Албанец, после претседател на Собрание Албанец, на следните парламентарни избори последните 100 дена влегуваме со премиер Албанец. Наредно е претседател на држава да биде Албанец – истакна Ахмети.
Тој на митинг им порача на граѓаните да гласаат за актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Според него, тој навистина вредно работел и заслужува нов мандат.