СЕ МОЛИ ШИЛЕГОВ ДА НЕ ЗБОРУВА ЗА ДРВЈАТА Ги исече за да му се гледаат билбордите, реагира ВМРО-ДПМНЕ
Тезата на Шилегов дека го намалил загадувањето минатата година е иста како онаа на Заев дека го намалил иселувањето во ек на пандемија, кога границите се затворени.
Се моли Шилегов да не зборува за дрвја, бидејќи ги исече за да му се гледаат билбордите. За дрвореди и за дрвја е лицемерно кога зборува Шилегов, бидејќи тој е човекот што сече дрва за да се гледа билбордот на Филип Темелковски. Шилегов е човекот под чија наредба беа исечени дрворедите на ул и со чија дозвола се пустошат сите зелени површини, реагира ВМРО-ДПМНЕ.
„Скопје руши рекорди по загаденост секоja зимa е на врвот на светските листи на градови со најзагаден воздух, минатa зима загадувањето беше намалено поради рестриктивните мерки за движење на граѓаните и карантинот за време на викендите.
Тезата на Шилегов дека го намалил загадувањето минатата година е иста како онаа на Заев дека го намалил иселувањето во ек на пандемија, кога границите се затворени. Шилегов треба да сфати дека скопјани не се неинтелегентни како што тој мисли, и дека со такви приказни тешко дека ќе ги излаже. А за субвенциите за инвертер клими, Шилегов допрва ќе дава одговори за тоа по кој принцип се делени и зошто наместо во приградските населби каде што има потреба, тие се делени во Центар на лица кои живеат на улица Македонија и строгиот центар на градот. На Шилегов никој не му верува повеќе“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.