ПОРТУГАЛЕЦОТ САМО ЌЕ ГИ ГЛАНЦА СКАПИТЕ ВОЗИЛА И по седум часа чекање, Бентлито на Роналдо остана без гориво

Автомобилот остана таму речиси седум часа, но личниот возач на sвездата не успеа да наполни капка гориво.

1,772

Дури и фудбалската суперrsвезда Кристијано Роналдо беше погоден од недостатокот на гориво во Британија, бидејќи неговиот личен возач мораше да чека седум часа на бензинска пумпа без да може да наполни гориво.

The Sun“ пренесува дека Бентлито на фудбалерот кој се врати во Манчестер Јунајтед бил забележан на бензинска пумпа во близина на неговиот дом.






Автомобилот остана таму речиси седум часа, но личниот возач на sвездата не успеа да наполни капка гориво.

Бентли Флајнг Спар од 220.000 фунти (295.000 американски долари), неодамна купен од португалскиот фудбалер, пристигна на бензинската пумпа на Шел во Вилмслоу во 14.20 часот.

Sвездата на Манчестер Јунајтед му дал задача на еден од неговите техлохранители да го паркира и полни со гориво и нивниот Ренџ Ровер, бидејќи двајцата вработени пристигнале заедно, информира Дејли Меил.

Возачот на Кристијано Роналдо замина без бензин откако чекаше седум часа за да го наполни Бентлито.

Меѓутоа, откако чекаа 6 часа и 40 минути, двајцата сфатија дека цистерна нема да дојде наскоро и заминаа во 21:00 часот – без да наполнат гориво.

Меѓутоа, дури и да стигна горивото, на двајцата возачи ќе им беше дозволено да наполнат гориво за не повеќе од 30 фунти откако Шел воведе ограничувања како мерка за да се не создава паника.

Во последната недела, Роналдо беше забележан како вози Бентли до тренинг-центарот на Манчестер Јунајтед.

Колекцијата автомобили на sвездата е проценета на речиси 23 милиони долари и вклучува автомобили од Ферари, Ламборџини, Мекларен, два Ролс-Ројс, Порше 911 Турбо С, Коенигсег ЦЦХ, Бентли Континентал, Ренџ Ровер и неколку автомобили Ауди и Мерцедес.

Роналдо поседува и Ферари Монца, Бугати Вејрон Гранд Спорт и Бугати Хирон.

Најскапиот автомобил што го поседува е „Bugatti Centodieci“, кој чини 11,4 милиони долари.

Поврзани содржини