ТЕТОВО ШОКИРАНО ОД ИСКАСАНОТО ДЕТЕ ОД КУЧИЊА Алијанса обвинува дека нема од кого да побараат одговорност

 Според партијата на Зијадин Села, кога детето било однесено во болница, кажано им е дека немаат вакцини против беснило, па семејството било приморано да замине за Скопје, во тамошниот Клинички центар.

610

Синоќа Тетово беше шокирано од уште една вест, која што тешко ги погоди сите граѓани, но, не и тие на власт, реагира на прес конференција Алијанса за Албанците за искасаното петгодишно дете од кучиња скитници вчера во Тетово.

– Кучињата скитници за коишто во континуитет алармираме, нападнале петгодишно дете нанесувајќи му тешки повреди. Сето ова се случило во близина на куќата и брзото и навремено реагирање на членовите
на семејството го спасиле детето од фатален исход. Овој случај  докажува дека Тетово е опасно место за живеење, како последица на неодговорноста, криминалот, корупцијата и лошото менаџирање на
претставниците на локалната и централна власт. И ако ги прашате за  овој случај, тие повтортно ќе го третираат како инцидент, судбина или како природна катастрофа – велат од Алијанса за Албанците.






Според партијата на Зијадин Села, за да ова не биде доволно, кога детето било однесено во болница, кажано им е дека немаат вакцини против беснило, последователно семејството било приморано да заминат за Скопје, во тамошниот клинички центар.

– Градот Тетово, не само што не е безбеден за  живеење, нема ниту ефикасно здраство за да помогне.  Нема безбедни  училишта, исто така од неодамна сме сведоци дека во опасност се и  куќите, дворовите и населбите.  И после сето ова, ние не можеме да  бараме одговорност од тие што нѐ поднесоа одговорност ниту за 14-те изгубени животи – велат од Алијанаса за Албанците.

Поврзани содржини