ТАТКО СО „ТУАРЕГ“ ГО ПРЕГАЗИЛ 6-ГОДИШНИОТ СИН ВО ТЕТОВО Детето со тешки повреди е итно пренесено во Скопје

Несреќата се случила додека 42-годишниот татко возел наназад, а поради тешката состојба детето било пренесено од Тетово во Скопје.

0

Шестгодишно дете било тешко повредено откако татко му го прегазил со џип движејќи се наназад во Тетово.

Несреќата се случила вo неделата, 23 август, околу 8.30 часот. Според полицијата, 42-годишниот В.С. од Тетово управувал „фолксваген туарег“ без регистарски ознаки.






Движејќи се наназад во „рикверц“, со задното тркало го прегазил својот 6-годишен син.

Детето било пренесено во Ургентниот центар во Тетово. Поради тешката здравствена состојба, лекарите итно го префрлиле во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

„На 23.08.2026 во 09:50 часот од Ургентниот центар во Тетово било пријавено дека кај нив е донесено малолетно дете со сериозни повреди. Поради тешката здравствена состојба, детето било итно пренесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. По извршените проверки, утврдено е дека несреќата се случила околу 08:30 часот, кога 42-годишниот В.С. од Тетово, управувајќи патничко возило „Фолксваген Туарег“ без регистарски ознаки и движејќи се наназад, со задното тркало го прегазил својот шестгодишен син“, соопшти СВР Тетово.

Увид извршила екипа на СВР Тетово. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Поврзани содржини