КОЈ И ДА СИ, ФАЛА ТИ! Унгарците оддадоа почит на „непознатиот херој“ (ВИДЕО)
Станува збор за биста со која се слави „непознатиот херој“ кој ја објави првата документација за биткоин, во 2009 година под псевдонимот Сатоши Накамото. Затоа, во крипто заедницата, Сатоши се смета за двигател на целиот екосистем базиран на блокчејн.
Споменик за анонимниот креатор на крипто-валутата Биткоин, Сатоши Накамото, беше поставен во паркот Графисофт на брегот на Дунав, каде што се наоѓа деловниот центар на унгарската престолнина Будимпешта, објави порталот Буг.
На овој начин, иницијаторите на акцијата сакаа да му се заблагодарат за финансискиот суверенитет што тој, како што нагласуваат, им го обезбеди на луѓето.
Станува збор за биста со која се слави „непознатиот херој“ кој ја објави првата документација за биткоин, во 2009 година под псевдонимот Сатоши Накамото. Затоа, во крипто заедницата, Сатоши се смета за двигател на целиот екосистем базиран на блокчејн (blockchain).
Тоа беше доволно за Унгарците да бидат првите во светот што ќе му подигнат споменик. Иницијатор на проектот е Андрас Грфи, уредник на интернет-порталот за вести од криптосветот, Крипто Академиа.
– Кој и да беше, тој или таа, биткоинот денес создава вредност, особено „блокчејн“ технологијата. Сатоши Накамото создаде независна валута без посредници што им дадоа на луѓето финансиски суверенитет. Ја подигнавме оваа статуа за да се потсетиме дека храброста е доблест. Мораме да продолжуваме да сонуваме големи работи – рече Грфи.