УБИВМЕ ДЕСЕТ ЦИВИЛИ ВО КАБУЛ САД признаа дека згрешиле со нападот на 29 август (ВИДЕО)
Нападот беше извршен со сериозно верување дека ќе спречиме непосредна закана за нашите сили и евакуирани на аеродромот, но тоа беше грешка и искрено се извинувам, им рече генералот Френк Мекензи на новинарите, додавајќи дека нападот „бил грешка“ и дека тој е „целосно одговорен за овој напад и овој трагичен исход“.
Десет цивили. од кои седум биле деца, убиле американските воени сили во нападот со беспилотини летала во Кабул на 29 август, призна генералот Френк Мекензи, дознава ЊујоркТајмс. Бројката ја потврди и официјален Пентагон, а САД нападнале по дојава дека член на ИСИС-К ја загрозува безбедноста, пишува Индекс.
Во продолжение, видеото од нападот од 29 август.
– Нападот беше извршен со сериозно верување дека ќе спречиме непосредна закана за нашите сили и евакуирани на аеродромот, но тоа беше грешка и искрено се извинувам – им рече Мекензи на новинарите, додавајќи дека нападот „бил грешка“ и дека тој е „целосно одговорен за овој напад и овој трагичен исход“.
Американската воена истрага за смртоносниот напад со беспилотни летала во Кабул во август покажа дека загинале десет цивили, а целното возило најверојатно воопшто не било поврзано со ИСИС-К, изјави генералот Френк Мекензи, висок генерал на американската Централна команда.
Пентагон тврди дека најмалку еден напаѓач на ИСИС-К и тројца цивили загинале во нападот на 29 август. Во пресрет на нападот, операторите со дронови го следеа нападнатиот двор четири до пет минути.
Друг американски претставник за Си-Ен-Ен изјави дека во моментот пред американскиот напад, тој имал најмалку 60 различни разузнавачки извештаи за закани против американските сили на меѓународниот аеродром „Хамид Карзаи“ во Кабул.