ШИЛЕГОВ ФАТЕН ЖИВ ВО КРИМИНАЛ?! ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш да се урне неговата „дивоградба“ во Тафталиџе (ВИДЕО)

Никој во соседството каде што живее Шилегов и каде ја гради семејната зграда во оваа урбанистичка четврт наречена Z 04 не смее да има куќа повисока од 8,8 метри, односно приземје, кат и поткровје. Само Шилегов, на диво, додава цели два ката, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

873

Петре Шилегов е фатен жив во криминал. Луксузниот објект на  Шилегов нема дозвола за градба, ако ја имаше до сега ќе ја покажеа и Шилегов, ама и неговиот соучесник во криминалот Стефан Богоев. Ако има дозвола нека излезат нека ја покажат дозвола, нека покажат и ДУП според кој би била издадена дозволата.

Ова го изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција.






– Шилегов нема дозвола и затоа бега од темата, бега и Стефан Богоев, бега сето киднапирано СДСМ. Шилегов го крши законот,но и Богоев го крши законот штитејќи го Шилегов. СДСМ ја штити урбаната мафија. Град Скопје и општина Карпош, веднаш мора да ја стопираат градбата на семејната градба на Петре Шилегов и да почне процес на рушење, без одложување. Ако не го сопрат ова насилство на Шилегов, СДСМ и Богоев ќе докажат дека се дел на урбаната мафија – рече Стоилковски.

Никој во соседството каде што живее Шилегов и каде ја гради семејната зграда во оваа урбанистичка четврт наречена Z 04 не смее да има куќа повисока од 8,8 метри, односно приземје, кат и поткровје. Само Шилегов, на диво, додава цели два ката, тврди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и додава:

– Насилнички, со злоупотреба на моќ, Шилегов го обезвреднува имотот на своите соседи, го обезвреднува трудот на оние кои чесно градат и се занимаваат со градежништво. Само Шилегов во оваа четврт, во овој реон и многу атрактивен дел од градот, гради четирикатница и тоа без дозвола. Сите други не смеат поради законот, односно би биле срушени од општинската или градската управа, само Шилегов гради затоа што му се може, затоа што е градоначалник, а Стефан Богоев му е ортак од мафијата, пардон- партијата.

Поврзани содржини