МАРТИ АХТИСАРИ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ЈАВНИОТ ЖИВОТ Боледува од Алцхајмер

Осумдесет и четири годишниот поранешен фински претседател се повлекува од сите јавни обврски.

294

Поранешниот фински претседател и добитник на Нобелова награда во 2008 година, Марти Ахтисари се повлече од јавниот живот поради борбата со Алцхајмеровата болест, соопшти неговата канцеларија

Тој добивал секојдневна грижа за својот живот во неговиот дом, а во некои случаи заминувал на лекување во медицинска установа. Во соопштението се додава дека неговото семејство инсистирало да се почитува неговото право на приватност.






Ахтисари, кој беше претседател на Финска од 1994 до 2000 година, ја доби Нобеловата награда за мир во 2008 година за неговите напори како посредник во решавањето на конфликтите, особено во Индонезија, Намибија, Северна Ирска и на Балканот.

Тој ги набљудуваше преговорите за помирување во 2005 година меѓу индонезиската влада и сепаратистичките бунтовници од Движењето Слободен Ацех, како и патот на Косово кон независност.

Поврзани содржини