САМОУБИСТВЕН КЛАН ВЛАДЕЕ СО АВГАНИСТАН Кои се Хаканите и зошто сите се плашат од нив?
Иако Хаканите беа целосно независна група, тие процветаа токму со доаѓањето на талибанците. Во 90-тите тие одржуваа контакт со Бин Ладен и всушност, се врската меѓу Ал Каеда и талибанците. Многупати, заради нивните акции Американците биле принудувани да се повлекуваат од одредена локација и да ја менуваат својата тактика.
Терористичка група од која се тресат и талибанците неодамна влезе во новата власт во Авганистан, јавува МИА. Хаканите, како што се нарекуваат, се можеби најекстремната група во земјата и се одговорни за најсложените напади: од самоубијци кои возат комбиња со експлозив до планирани атентати и погроми во воени бази со бројни жртви.
Иако Хаканите беа целосно независна група, тие процветаа токму со доаѓањето на талибанците. Во 90-тите тие одржуваа контакт со Бин Ладен и всушност, се врската меѓу Ал Каеда и талибанците. Многупати, заради нивните акции Американците биле принудувани да се повлекуваат од одредена локација и да ја менуваат својата тактика.
Неодамна, нивниот сегашен водач Сираџудин Хакани стана заменик-шеф на талибанците, а двајца нивни претставници ќе бидат дел од новата влада.
Кои се Хаканите?
Хаканите биле основани во 80-тите од Џалалудин Хакани. Тој беше познат херој на антисоветскиот џихад. Тогаш уште владееше Студената војна, па Американците го сметаат за вреден адут и „кец во ракавот“ кој го користеа против СССР. Разузнавање, шпионирање и преговарање со противникот беа дел од неговите задачи, а беше финансиран и од Пакистан, држава-сојузник на САД.
Но, набрзо Хакани се здружи со талибанците. Тоа беше во 1996 година кога тие го освоија Авганистан, а него го поставија за министер. Десетици илјади загинати и разрушен Кабул беше цената која земјата тогаш ја плати по крвавата граѓанска војна, но ова не траеше долго. Во 2001 година, по нападите на 11 септември Америка возврати, и тогаш Хакани беше сменет од министерското место заедно со власта.
Следеа години на неизвесност. Хакани починал во 2018 година по долго боледување. Го наследил неговиот син Сираџудин. Веќе во тоа време Хаканите добиваале на тежина меѓу талибанците. Доказ за тоа е дека три години претходно, во 2015 Сираџудин бил поставен за заменик-лидер на талибанците.
Кога неодамна талибанците го заземаа Кабул, брат му на Сираџудин, Асан, преговараше со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и извршниот директор Абдула Абдула за преземање на земјата. Асан инаку лежел затвор и бил осуден на смрт од претходната влада, сè додека не се случи превратот.

Зошто „Хакани“ се толку смртоносни?
Уште Хакани постариот ги започнал грозоморните акции на групата. Тој праќал луѓе во комбе или камион наполнети со експлозив да упаднат на некое симболично место, знаејќи дека нема да преживеат. Многу од нападите биле на воени локации.
Еднаш, во октомври 2013 година, авганистанските сили пресретнале камион натоварен со околу 28 тони експлозив во источен Авганистан. Во 2008 година, Хакани се обидел да изврши атентат врз тогашниот претседател Хамид Карзаи, а киднапирал владини службеници и барал откуп за нив.
Некои велат дека Хаканите се поврзани со пакистанската војска и дека Пакистан тајно сака да го дестабилизира својот сосед Авганистан. Иако се знае дека Хаканите имаат свои бази во Пакистан, ова не е целосно потврдено.
Милион долари за главите на Сираџудин и Халил
Хаканите се веројатно најсилниот дел на талибанските сили. Но, тие се финансирани од талибанците, па им должат многу. Но, некои аналитичари ги поврзуваат со Пакистан. Според изјава на генералот Мајк Мулен, од 2011 година, тие се „вистинската рака“ на разузнавачките служби во Исламабад.
Тие се вешти дипломати во најпотребните моменти. Кога Анас Хакани, брат му на Сираџудин прегораваше со претходниот претседател Хамид Карзаи, Сираџудин реши да објави статија во „Њујорк Тајмс“ каде ќе ја објасни позицијата на талибанците за преговорите со Американците.
И додека Анас Хакани преговараше, неговиот вујко Халил во петокот ја водеше редовната петочна молитва во џамиите по Кабул. За неговата глава, како и за главата на внук му Сираџудин Американците нудат милион долари. Потерницата е распишана.