Прилепчанец го подметнал пожарот кај Дабница, полицијата го уапси
Пожарот утрово е локализиран од страна на противпожарната единица од Прилеп, а приведениот М.Е. е задржан во полициска станица и против него ќе следува кривична пријава до ОЈО Прилеп, информираше полицијата.
Утрово околу 06.15 часот во м.в.Дабница, Прилепско, во близина на споменикот, од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп лишен од слобода е М.Е. (34) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека подметнал пожар на место викано Дабница, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).