Неверојатна сличност! Двојникот на Бред Пит работи како градежен работник и е самохран татко (ФОТО)

1,820

Некои би помислиле дека животот е рај кога сте најверодостојниот двојник на славниот актер Бред Пит (57), но за Нејтан Мидс (35) е сѐ, само не е лесен и совршен.

Не е претерано да се каже дека Нејтан е речиси пресликан на познатиот актер, но со глумата нема никаква врска. Овој млад човек е самохран татко од Оксфорд, Велика Британија, и тој е градежен работник.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nathan Meads (@bradpitt_lookalike)

Тој им се пожали на новинарите кои посакале да разговараат и да направат приказна со него дека воопшто не му е лесно, и дека неговиот љубовен живот е мизерен, и тоа поради неговиот физички изглед.

Тој вели дека морал да ги избрише своите профили на платформите за запознавање, бидејќи жените мислеле дека неговите профили се лажни. Некои отишле дотаму што го обвиниле дека лажно се претставува. Имало и такви што „го малтретираа како манијаци“, па дури и го прогонувале.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nathan Meads (@bradpitt_lookalike)

Единствено позитивна работа е тоа што Нејтан заработува пари на сметка на тоа што личи на  Бред.

– Веќе како 20-годишник ми рекоа дека личам на Бред Пит. Споредбите никогаш не престанаа, но јас секогаш на нив одмавнував со раката – рекол Нејтан, пишува „Њујорк пост“.

– Некои луѓе отидоа дотаму што тврдеа дека мајка ми сигурно имала врска со него, дека тој е мојот татко. Често ми се случува луѓето да поминуваат покрај мене па да се вратат, барајќи да се фотографираат со мене – истакнал овој млад човек.

Го контактираат разни агенции кои сакаат да соработуваат со него, а тој им ги испратил своите фотографии на агенциите коишто ангажираат двојници. Тие брзо му одговориле дека сакаат да соработуваат со него.

– Дури ме контактираше и Дориен Роуз, славната двојничка на Анџелина Џоли. Не можеше да поверува дека никогаш не работела со мене – рекол Натан, кој заработува помеѓу 200 и 500 фунти дневно, по настап. Тој, исто така, признал дека се чувствува малку необично на тезгите, каде се дружи со разни екипи од светот на шоу-бизнисот, супермоделите и ријалити sвездите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nathan Meads (@bradpitt_lookalike)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини