Мицкоски: Честит Велигден, извинете Илинден ВИДЕО
Тој по овој гаф во својот говор се насмеа и се извини, па доби аплауз од присутните во струшко Ташмаруништа каде што го одбележува големиот празник и порача дека Македонија има иднина и тоа во новата генерација политичари.
На сите Македонци, каде ѝ да се, честит Велигден, Илинден се извинувам, и нека е вечен празникот, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој по овој гаф во својот говор се насмеа и се извини, па доби аплауз од присутните во струшко Ташмаруништа каде што го одбележува големиот празник и порача дека Македонија има иднина и тоа во новата генерација политичари.
– Не сме исти, повторувам не сме исти, затоа што власта сака да мисли дека сме исти, и затоа сакаат да не мачкаат со нивната кал, а кога тоа не го прават директно тогаш на копче ги вклучуваат оние инфилтрирани полициски инсталации верни на СДСМ и разно разни квази патриоти кои јадат од раката на СДСМ, Зоран Заев и власта и во исто време удираат во гради колку тие многу ја сакале Македонија. А, сите други не биле. Не се тие иднината. Тие се срамот и потсетување на едно тешко време од транзицијата – рече Мицкоски.
– Не сме исти затоа што јас нудам концепт и имам визија, на држава каде што просечната плата ќе биде 45.000 денари. И тоа не е никакво лицитирање со власта, кога велам 45.000 денари таа ќе биде 45.000 денари. Каде секое семејство ќе има бесплатен приклучок на гас, каде струјата е поевтина, а стандардот повисок, каде самите граѓани одбираат каков проект ќе финансираат преку својот данок на имот, каде тутунарите прво ќе им се откупи сиот тутун по достоинствена цена, а дури потоа ако има потреба ќе се увезува нов. Каде општините ќе бидат целосно дигитализирани и никој нема да ги малтретира и рекетира граѓаните, каде човечкото достоинство ќе се вреднува. Каде црвените линии за идентитетот, јазикот и историјата се почитуваат – додаде Мицкоски.