Со потегот на Стево Пендаровски да не држи говор на Мечкин Камен, ја менува 30-годишната традиција на прославата за Илинден, изјази денеска Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.
– Кога некој човек нема визија за Република Македонија, не може ни да очекувате дека ќе има што да каже. И за тоа е ова резултатот. Навистина сме изненадени и ова е срамен и недржавнички потег. Претседателот Христијан Мицкоски традиционално за Илинден ќе биде присутен во струшко Ташмаруништа – рече Митева.
Претседателот Стево Пендаровски годинава на централната прослава на 2 Август на Мечкин Камен во Крушево, нема да држи политички говор. Тој вчера на брифинг со новинарите кажа дека одлучил годинашната прослава да биде поинаква, да биде за обединување на сите граѓани и политички партии, а не како изминативе 30 години со исвиркување, навреди и клетви.