Холивудската актерка Скарлет Jохансон е бремена и го очекува своето второ дете, а всушност, прво со сегашниот сопруг Колин Џост, кој е три години постар од неа.
Според наводите, глумицата поради бременоста поретко се појавуваше на промотивните настани за филмот „Црна вдовица“, којшто деновиве почнува да се прикажува во светските кина. Бременоста ѝ е во „поодмината фаза“, а извори за странските медиуми велат дека таа се крие од јавноста, и дека наскоро треба да се породи.
Инаку, познатата русокоса веќе има едно дете – шестгодишната ќерка Роуз Дороти Дауријак од бракот со францускиот новинар Роман Дауријак, со кого беше од 2014 до 2017 година.
Таа се омажи за 39-годишниот Колин Џост – една од ѕвездите на шоуто „Во сабота навечер“ (Saturday Night Live), во октомври минатата година, по тригодишна љубовна врска.