Ужасен инцидент се случил во австрискиот град Грац кога неименуван 65-годишен маж бил каснат за гениталиите од огромен питон во неговата родна куќа од тоалетната шолја.
Сè се случило многу рано наутро кога мажот, сè уште сонлив, отишол во тоалетот, каде го дочекало понепријатно изненадување. Од шок, тој повикал полиција и брза помош, а неговите соседи сведочеле дека од станот на шеесет и петгодишниот Австриец ги разбудил ужасен крик.
Станува збор, инаку, за змија која е домашен миленик на соседот на нападнатиот човек, која некако избегала низ одводот на неговиот стан и завршила во ВЦ шолјата на „жртвата“.
Според австриската полиција, мажот седнал на шолјата и набрзо почувствувал „штипење“ по гениталиите, поради што скокнал на нозе. Кога погледнал за што станува збор, виде пет метарски питон како зјапа во него.
Безбедносните сили пристигнале на местото заедно со локалниот експерт за влекачи, кој помогнал во отстранувањето на змијата од „скривницата“. Во меѓувреме, мажот бил пренесен во болница со цел да се санираат полесните повреди.
Лекарите посочиле дека питоните за среќа не се отровни, но постои опасност местото на гризнувањето да се зарази со бактерии од тоалетната шолја.
– Питонот не е повреден, а по чистењето е вратен на неговиот 24-годишен сопственик – открил експертот за влекачи Вернер Стангл, додека полицијата соопшти дека споменатиот млад човек чува вкупно 11 неотровни змии и гекон во специјално дизајнирани кафези и полици.
– Сопственикот на змијата не беше свесен дека избегала сè додека не го вративме. Тој рече дека не му било јасно како змијата успеала да излезе од терариумот – соопштила полицијата и истакнала дека сопственикот на змијата бил упатен до обвинителите за нанесување телесни повреди од небрежност.
Стангл за локалните весници изјавил дека за време на 40 години работа со влекачи, тој не видел ништо како овој инцидент којшто се случил во понеделникот.