ГЕРМАНСКИ ИМУНОЛОЗИ Делта влијае на младите, нема колективен имунитет додека не се вакцинираат
Многу е заразна и силно ги погодува адолесцентите и децата. Сè додека таа група воопшто не е вакцинирана или е вакцинирана само малку, колективниот имунитет нема да се постигне – потенцира Фоерстер.
Колкетивен имунитет на коронавирусот веројатно нема да се постигне без вакцинирање на деца и адолесценти, објави германското здружение за имунологија (DGfI).
– Колективниот имунитет обично се смета дека се постигнува кога 60-70% од населението е заштитено од патогени микроорганизми. Но, тоа претпоставува дека вирусот не може да се репродуцира кај овие лица – изјави за весникот на „Funke Media Group“ потпретседателот на „DGfI“, Рајнхолд Фоерстер.
Фоерстер рече дека со вирусот Сарс-Ков-2 е поинаку, луѓето можат да го пренесат вирусот иако не се болни самите, дури и ако биле вакцинирани.
Делта варијантата на вирусот само ја влошува таквата состојба, нагласи тој.
– Многу е заразна и силно ги погодува адолесцентите и децата. Сè додека таа група воопшто не е вакцинирана или е вакцинирана само малку, колективниот имунитет нема да се постигне – потенцира Фоерстер.
Роберт Кох: Најмалку 85% од оние над 12 години треба да бидат вакцинирани
Според германскиот институт за контрола на болести Роберт Кох, најмалку 85 проценти од популацијата на возраст меѓу 12 и 59 години и 90 проценти од оние над 60 години мора да бидат вакцинирани за успешна борба против варијантата делта.
– Ако оваа стапка на вакцинација беше достигната на време, најавениот четврти бран есен/зима ќе биде малку веројатен – објави Институтот во понеделникот.
Досега Комисијата за вакцинација (Стико) не издаде општа препорака за вакцинирање на деца и млади над 12 години и нема одобрена вакцина за лица под 12 години.