Непосредно по огнометот кој вечерва по повод независноста на САД се одржа во Американската амбасада во Скопје, избувна пожар на скопско Кале.
Пожарот избувнал во делот од зградата на Царинската управа кон Калето и тој дел е веднаш изгаснат, дознава.
Со пожарот се справувале две противпожарни возила и осум пожарникари.
Некои медиуми јавуваат дека пожарот бил предизвикан од огнометот.
Кале pic.twitter.com/zKk4nHP3zL
— Ган (@gunmetal6lack) July 4, 2021
Видео од пожарот се објавува на социјалните мрежи.