Принцовите Вилијам и Хари ја откриваат статуата на нивната мајка Дијана ВИДЕО

Кога нарачале да се прави статуа на нивната мајка во 2017 година, тие изјавиле дека се надеваат дека тоа ќе им помогне на посетителите на палатата „да размислат за нејзиниот живот и нејзиното наследство“.

1,057

Принцезата Дијана конечно доби свој споменик. Долгоочекуваното откривање на статуата на трагично загинатата Лејди Ди се случи денеска во палатата во Кенсингтон од нејзините двајцата синови – принцовите Вилијам и Хари, пренесува Би-Би-Си. Кога нарачале да се прави статуа на нивната мајка во 2017 година, тие изјавиле дека се надеваат дека тоа ќе им помогне на посетителите на палатата „да размислат за нејзиниот живот и нејзиното наследство“.


                                                                                                    Раскараните браќа сепак се смирија






Статуата како да ги смири раскараните браќа по ненадејното заминување на Хари со Меган во Америка. Принцот Хари специјално долета од САД каде што живее со Меган, за да го одбележи овој настан во потонатата градина на палатата Кенсингтон. Ова беше негово прво појавување со принцот Вилијам по погребот на нивниот дедо принцот Филип, војводата од Единбург.

„Потонатата“ градина во палатата Кенсингтон во Коркделј, Лондон се чини и била омилена на Дијана. На церемеонијата во градината беа и браќата и сестрите на Дијана. Браќата беа видени како срдечно ги поздравуваат своите тетки, Лејди Сара МекКоркдејл и Лејди Џејн Фелоус,, како и нивниот чичко Ерл Спенсер.

Принцезата Дијана загина во сообраќајна несреќа во август 1997 година, кога Вилијам и Хари имаа само 15 и 12 години. Нејзината смрт под неразјаснети околности беше врзувана со скандал во кралската фамилија, а беше национална трагедија во Британија.

 

Поврзани содржини