Револвер, безбол палки и ножеви пронајдени кај гости во угостителски објект во Жеровјане
Сопственикот на објектот А.А. е лишен од слобода, а приведена е Е.З.(27) од Босна и Херцеговина, поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и Б.А.(24) од скопски Сарај и Т.И.(21) од гостиварска Долна Бањица, кај кои биле пронајдени ножеви, додека А.Х.(23) од Германија и Џ.Л.(39) од тетовско Горно Палчиште непоседувале документи за идентификација
Тетовската полиција синоќа при контрола во угостителски објект во тетовско Жеровјане пронашла четири безбол палки, две парчиња огнено оружје , како и 12 лица, од кои 7 од Србија, 2 од Русија, 1 од БиХ и 2 од нашата земја, како и 41 лице – гости во објектот.
– Во објектот биле пронајдени четири безбол палки, а во близина на објектот биле пронајдени две парчиња огнено оружје „Шкорпион аграм 2000“, со рамка со два куршуми калибар 9мм и револвер со муниција. Сопственикот на објектот А.А. е лишен од слобода, а приведена е Е.З.(27) од Босна и Херцеговина, поради злоупотреба на туристичкиот престој, како и Б.А.(24) од скопски Сарај и Т.И.(21) од гостиварска Долна Бањица, кај кои биле пронајдени ножеви, додека А.Х.(23) од Германија и Џ.Л.(39) од тетовско Горно Палчиште непоседувале документи за идентификација – велат од МВР.
По целосно документирање на случајот, против сопственикот на објектот и другите приведени ќе следуваат законски предвидените поднесоци.