АВСТРИЕЦ СО ОРУЖЈЕ САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО МАКЕДОНИЈА Во камперот му најдоа пиштол, револвер и муниција

При контрола на кампер со приколка на граничниот премин Табановце, полицијата пронашла гасен пиштол, револвер, 90 дијаболи и 22 иницијативни каписли кај 62-годишен државјанин на Австрија.

0

Шеесет и двегодишен државјанин на Австрија бил приведен вчера на граничниот премин Табановце, откако полицијата при контрола на неговото возило пронашла оружје и муниција.

П.Р. бил запрен околу 18 часот при влез во Македонија. При претрес на кампер „Фиат“ со приколка, со австриски регистарски ознаки, кој го управувал, полицајците пронашле и одзеле гасен пиштол, револвер, пакување со 90 дијаболи и пакување со 22 иницијативни каписли.






За случајот е известен јавен обвинител, а 62-годишниот Австриец бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Поврзани содржини