Надал шокираше со одлуката дека нема да игра на два престижни настани
Морам да го слушам телото, ваквите одлуки никогаш не се лесни... објави шпанскиот тенисер на Твитер.
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, шпанската ѕвезда Рафаел Надал ги шокираше сите свои фанови, а и комплетната тениска јавност, откако се откажа од настапите на Вимблдон, како и на претстојните Летни Олимписки игри во Токио од 23 јули до 8 август.
Надал на социјалната мрежа Твитер објави дека нема да игра на двата престижни настани, откако посочи дека мора да го слуша телото и да не ризикува поголема повреда.
– Здраво на сите. Сакам да ве известам дека решив да не учествувам на следното издание на Вимблдон што ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули. Исто така нема да играм на Олимписките игри кои се закажани за 24-30 јули. Морам да го слушам телото, ваквите одлуки никогаш не се лесни… објави Надал на Твитер.
Шпанецот на својот омилен Роланд Гарос, кој заврши минатиот викенд загуби во полуфиналето од Новак Ѓоковиќ, кој потоа и го освои вториот годинешен турнир.
Еден од најдобрите тенисери на сите времиња со 20 гренслем-титули, првпат од 2016 година нема да се појави на тревата во Лондон, додека во трите настапи на ОИ има освоено едно злато, во 2008 година во Пекинг.
Hi all, I have decided not to participate at this year’s Championships at Wimbledon and the Olympic Games in Tokyo. It’s never an easy decision to take but after listening to my body and discuss it with my team I understand that it is the right decision
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) June 17, 2021