Делта видот на коронавирусот е 60 отсто позаразен

926

Делта видот на коронавирусот, кој сега е доминантен во Велика Британија, позаразен е за 60 отсто од претходната варијанта, пишува во денеска објавената студија.

Според таа студија на британските здравствени власти (Public Health England, PHE), 42.323 случаи (29.892 пред повеќе од една недела) на видот на вирусот кој потекнува од Индија, откриени се во Велика Британија, односно во 90 отсто од случаите на новозаразени.






Власта, меѓутоа го смета за охрабрувачко тоа што зголемувањето не е следено со зголемен број на хоспитализирани. Моментно 1.000 пациенти со ковид-19 се лекуваат во британските болници.

Податоците покажуваат дека програмата на вакцинација продолжува да ги ублажува последиците на делта видот, меѓу луѓето кои примиле две дози на вакцина, пишува ПХЕ.

Најтешко погодената европска земја со речиси 128.000 починати, Велика Британија спроведе масовна кампања на вакцинација, па повеќе од 77 отсто возрасни се вакцинирани за шест месеци.

Поврзани содржини