БРИТАНЦИТЕ НАСКОРО ЌЕ ДОЗНААТ ЗА ПОДГОТОВКИ ЗА ВОЈНА Секој ќе мора да направи некоја жртва во име на безбедноста
На нашата земја ќе ѝ биде потребна вашата помош. Имаше време кога нашата земја не сакаше ни да помисли на можноста нејзините војници да мора да учествуваат во војна. Наскоро политичките лидери ќе почнат отворен разговор со граѓаните за тоа што се случува и каде лежат ризиците, им рече началникот на Генералштабот на британската армија на група од 700 војници.
Шефот на британската армија во обраќање пред војниците најави дека политичките лидери на Велика Британија наскоро ќе започнат отворен разговор со граѓаните за потребата од подготовка за војна.
Началникот на генералштабот, генералот Сер Роли Вокер рече дека од секој граѓанин ќе биде побарано да направи одредени жртви и да учествува во одбраната на земјата.
За време на посетата на воената база Катерик Гарисон во Северен Јоркшир генералот Вокер им се обрати на војниците многу директно, објави Скај њус.
Неговите изјави беа снимени од страна на Британската радиодифузна служба на силите (BFBS).
– Можеби не сте го сфатиле тоа, но на нашата земја ќе ѝ биде потребна вашата помош. Имаше време кога нашата земја не сакаше ни да помисли на можноста нејзините војници да мора да учествуваат во војна – им рече началникот на Генералштабот на група од околу 700 војници.
Навистина, многу наскоро политичките лидери на оваа земја ќе почнат отворен разговор со граѓаните за тоа што се случува и каде лежат ризиците, додаде генералот.
– Тие ќе се обидат да им објаснат на граѓаните дека мора да се согласат на жртвување, за да дадат приоритет на одбраната и безбедноста. Потоа ќе ги замолат оние граѓани, за кои одбраната веројатно не е приоритет, да го преземат својот дел од одговорноста за одбраната и безбедноста на оваа земја. Тие мора да разберат што правиме за нив. Тие мора да се согласат да ни дозволат да продолжиме да ја работиме нашата работа. Тоа значи дека и тие ќе мора да направат некои жртви – порача тој.
Британскиот премиер Енди Бернам го презеде ветувањето дадено од неговиот претходник Кир Стармер да почне национална дебата за одбраната. Премиерот, исто така, треба да почне нова кампања за да ги охрабри сите домаќинства да бидат подобро подготвени за низа кризи, од поплави и суши до вооружени конфликти, што е уште еден план што го презеде од претходната влада.