Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на министерот Спасовски
„За“ интерпелацијата гласаа 11 пратеници, 60 „против“, а немаше воздржани. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа во дебатата и не гласаа.
Собранието попладнево не ја прифати иницијативата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, за отповикување од функцијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. „За“ интерпелацијата гласаа 11 пратеници, 60 „против“, а немаше воздржани. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не учествуваа во дебатата и не гласаа.
Иницијаторите на интерпелацијата бараа одговорност од министерот Спасовски за, како што наведоа, бегството на Никола Груевски и Сашо Мијалков, но и за случаите со давањето македонски пасоши на меѓународни криминалци и за лицата со двојни матични броеви.
Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ не можеа да се обратат бидејќи не беа ставени на листата на говорници, поради тоа што, како што беше објаснето од претседателот на Собранието Талат Џафери, тие својата листа ја доставиле до него со неколку часа задоцнување, а денеска нивен претставник не присуствувал на координација за да се договорат.
Продолжението на 39 седница, како што рече претседателот на Собранието Талат Џафетри, дополнително ќе биде закажано.