Славната актерка Шерон Стоун (63) во текот на својот живот доживеала бројни подеми и падови, а за некои од нив дури сега проговори. Неодамна призна дека абортирала во тајност кога имала само 18 години, а овие денови одлучи на јавноста да ѝ открие и мачни детали за борбата за старателство над синот Роан.
Сѐ започнало да се одвива во 2004 година откако Шерон се развела од медиумскиот могул, новинарот Фил Бронштајн. Таа раскажала како се чувствувала кога останала без синот, губејќи го старателството.
Актерката признала дека не можела да работи нормално и дека по цели денови плачела.
– Откако го изгубив основното старателство над Роан, едноставно не можев да функционирам повеќе. Лежев на каучот по цели денови и бев ужасно изморена од целодневното плачење. Не можев да се фокусирам на ништо, освен на тоа повторно да го прегрнам мојот син. Ништо не ми беше важно освен да го вратам – изјави Шерон за списанието „Сага“, која морала да потпише спогодба за доверливост на податоците за да не ги открие деталите за битката за старателството.
Таа се развела од Фил во 2004 година и го загубила старателството четири години подоцна. Роан во тоа време имал осум години и било одлучено Шерон да може да го гледа само еднаш месечно. Во времето кога Шерон се борела за старателство, во јавноста се појавија гласини дека планира да му вбризга ботокс во нозете на нејзиниот син за да не се поти и да нема непријатен мирис.
Инаку, денес 21-годишниот Роан, Шерон и Фил го посвоиле откако актерката доживеала три спонтани абортуси. Неодамна ова момче тргна по стапките на својата мајка, па оствари улога во филмот „What About Love“, во кој во улогата на негов татко се појавува холивудската ѕвезда Енди Гарсија.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм