Погледнете како кученце се спасува од горештините во Тајланд (ВИДЕО)

Кога неговиот сопственик ја отвора вратата од фрижидерот, тоа влегува и се поставува на долната полица со цел да ги избегне температурите од над 40 степени во земјата.

633

Куче од расата Златен ретривер се спасува од топлиот бран кој го зафати Тајланд на прилично необичен начин.

Кога неговиот сопственик ја отвора вратата од фрижидерот, тоа влегува и се поставува на долната полица со цел да ги избегне температурите од над 40 степени во земјата.






Видеото, објавено од „Viral Press“ и „DailyMail“, покажува како кучето останува во фрижидер неколку минути пред неговите сопственици насилно да го отстранат.

Соџи моментално е доволно мал за да се вклопи внатре, а исто така ги сака и вентилаторите.

– Соџи отсекогаш ја мразеше топлината. Сè започна еден ден кога го отворив фрижидерот за да земам храна. Пред да го затворам, забележав дека ја држи вратата со устата и се прикрадува внатре – изјави нејзината 25-годишиот сопственик Пања Бунхонг.

Соџи е толку приврзан за фрижидерот што на Пања и неговата девојка им е тешко да го извадат. Како што велат тие, ова се повторува неколку пати на ден.

Топлиот бран кој го зафати Тајланд се очекува да продолжи најмалку до јуни.

Поврзани содржини