Ибрахимовиќ ќе го продолжи договорот со Милан
Според изворот, договорот ќе биде објавен за неколку дена. Триесет и деветгодишниот шведски репрезентативец ќе добие седум милиони евра годишно.
Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ е подготвен да потпише нов договор со клубот, пренесува „Калчомеркато“.
Според изворот, договорот ќе биде објавен за неколку дена. Триесет и деветгодишниот шведски репрезентативец ќе добие седум милиони евра годишно.
Се очекува страните да потпишат нов договор без никакви компликации.
Ибрахимовиќ се врати во Милано во јануари 2020 година. На 31 август го продолжи договорот до крајот на оваа сезона. Напаѓачот одигра 23 натпревари сезонава, постигна 17 погодоци и направи две асистенции.