Тапанарот Мет Сорум на 61 година за прв пат ќе стане татко
Парот изјави дека веќе го знаат полот и тоаќ е биде ќеркичка.
Познатиот тапанар и поранешен член на култниот бенд „Ганс Енд Роузс“ Мет Сорум за прв пат ќе стане татко на 61 година, пишува „Пипл“.
Сорум го очекува своето прво дете со 24 години помладара сопруга Ајс Харпер (36) со која е во брак од 2013 година.
Двојката ја потврди среќната вест и на Инстаграм со серија фотографии, на кои привлечна русокоса покажува труднички стомак во долна облека.
Парот изјави дека веќе го знае и полот на бебето – ќеркичка.
„Ние сме исклучително возбудени затоа што Бог ни даде подарок во форма на нашето мало девојче.Од сите убави авантури кои за среќа ги имавме во нашите животи, нема ништо што може да се спореди со радоста што сега ја чувствуваме заради создавање на сопствено семејство“, напиша парот на Инстаграм.
View this post on Instagram