Камчев побара да биде изземен како сведок: Во случајов фалат Катица Јанева, нејзиниот син и Кичеец

Вториот предлог за старечки дом исто го одбив. Ми беше кажано дека од ова има интерес синот на Катица Јанева и од тогаш почна тортурата врз мене, рече сведокот Камчев, кој додаде дека во документот било потпишувано лицето Лазар Јанев.

650

Јордан Камчев на денешното судско рочиште побара да се изземе од својството на сведок во случајот „Меѓународен сојуз“  поради притворот кој му е одреден.

– Ако ја кажам вистината… За кршење закон каде мојот кредибилитет како сведок е нарушен и нема да му бидам во корист на обвинителството – рече Камчев.






Ова барање беше отфрлено од обвинителката Ивана Трајчевска, која рече дека притворот е одреден за друг случај кој не е поврзан со овој судски предмет.

Во продолжение на својот исказ сведокот Јордан Камчев, рече дека прв пат за „Меѓународен сојуз“, разбрал во 2018 година. До него имало понудено два предлога, еден за изградба фешн мол и друг за старечки дом.

– Во овој случај фалат и лицата Зоран Милески, Катица Јанева и нејзиниот син. Првиот предлог не го прифатив бидејќи мислев дека нема економска логика. Вториот предлог за старечки дом исто го одбив. Ми беше кажано дека од ова има интерес синот на Катица Јанева и од тогаш почна тортурата врз мене – рече сведокот Камчев, кој додаде дека во документот било потпишувано лицето Лазар Јанев.

Камчев во судницата беше спроведен од Истражниот затвор во Шуто Оризари каде што издржува 30-дневен притвор.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, Миле Јовановски, (таткото на прво обвинетиот) и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се терети за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“

Поврзани содржини