Македонскиот претставник на Евросонг се пофали дека е државјанин и на Бугарија

Гарванлиев кој е од Струмица објаснува дека освен македонски има и бугарски пасош кој го добил затоа што неговата баба била Бугарка и имал далечни роднини во Бугарија.

5,582

Македонскиот претставник на песната за Евровизија Васил Гарванлиев кој деновиве ја испровоцира јавноста со боите од бугарското знаме на евровизискиот спот е бугарски државјанин.

Во ТВ интервју Гарванлиев на прашање во врска со државјанство на Македонија тој изјави дека е граѓанин и на Бугарија.






Гарванлиев кој е од Струмица објаснува дека освен македонски има и бугарски пасош кој го добил затоа што неговата баба била Бугарка и имал далечни роднини во Бугарија.

Во изјавата Гарванлиев вели дека е роден во Струмица која се наоѓа од „другата страна на земјата”.

Според неговото објаснување, постои една земја која е поделена на две страни а тој е роден на „другата страна”.

Спотот на нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев за песната „Here I stand“ ќе биде заменет со друг, откако во еден од кадрите се појави уметничко дело кое гледано вертикално наликува на бугарското знаме.

фото: Принтскрин

Поврзани содржини