Јорданскиот министер за здравство поднесе оставка поради смрт на шест пациенти кои останале без кислород

771

Јорданскиот министер за здравство Назир Обејдат поднесе оставка откако најмалку шест пациенти починале во болница во близина на главниот град Аман, поради прекин во снабдувањето со кислород, јавија јорданските државни медиуми.

Премиерот Бишер ал-Хасаун нареди истрага за болницата Солт, 20 километри северно од Аман, и наводно побарал оставка од министерот за здравство Обејдат. Весникот „Раи“, кој се смта за близок до власта, потврди дека Обејдат поднел оставка.






Сè уште не е јасно што предизвикало прекин во снабдувањето со кислород. Дефектот ги погодил единицата за интензивна нега, породилишта и одделенија за коронавирус.

Јордан, земја со 10 милиони жители, се бори со нагло зголемување на бројот на заразени со коронавирусот и смртни случаи, и се соочува со тешкотии во обидот да набави вакцини.

Поврзани содржини