Се вакцинираа Барак и Мишел Обама: Вакцинирањето спасува животи, тој живот може да е вашиот ФОТО ВИДЕО
Мишел Обама ја прими вакцината против ковид-19 и сака остатокот од Америка да го следи нејзиниот пример.
Поранешната прва дама денес се огласи на Инстаграм за да сподели дека таа и нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Барак Обама, се вакцинирале, искористувајќи ја можноста да нагласат дека ситево земјата треба да се вакцинираат со цел земјата да се опорави од пандемијата на коронавирусот.
„Се надевам дека ќе ја примите вакцината кога ќе ви биде дадена можноста за тоа. Барак и јас секако сме среќни што го направивме тоа“, сподели таа.
„Тоа е нашата најдобра шанса да го победиме вирусот, да се грижиме еден за друг и да се вратиме на некои работи што ни недостасуваат. Вакцинирањето спасува животи, тој живот може да е вашиот“.
Обама сподели своја порака на Инстаграм во врска со вакцината, како и видео во кое се појавуваат поранешните претседатели Бил Клинтон, Џорџ В. Буш, Џими Картер и поранешните први дами Хилари Клинтон, Лора Буш и Розалин Картер.
„Мишел и јас се вакциниравме против ковид-19 затоа што знаеме дека тоа е најдобриот начин да се победи оваа пандемија, да се заштитиме едни со други и да се врати земјата во функција“, напиша тој покрај видеото.
View this post on Instagram